„Златно“ млеко: Консумирајте го овој чудесен напиток секоја вечер пред спиење, а еве и зошто!
„Златното млеко“ е прекрасен, вкусен и неверојатно здрав напиток, особено погоден за консумирање навечер, односно пред спиење, а придобивките од истиот се извонредни.
Главната состојка во овој рецепт е куркумата. Куркумата содржи куркумин, полифенолен кој важи за како основна активна состојка, со што се постигнуваат повеќе од 150 потенцијално терапевтски активности и вклучува антиоксидантни, антиинфламаторни и антиканцерогени својства.
Дополнителни придобивки од напитокот:
- Антивоспалително дејство, антиоксиданс, антисептик, аналгетик
- Го зајакнува имунитетот
- Антиканцероген
- Помага во одржување на нивото на холестерол
- Го стимулира здравјето на дигестивниот систем
- Прочистувач на црниот дроб
- Го регулира метаболизмот и ја регулира телесната тежина
- Го регулира високиот крвен притисок
- Ја подобрува меморијата и мозочната активност
- Помага при разни состојби на кожата
- При невролошки нарушувања
- Ги намалува триглицеридите
Златно млеко
Потребни состојки:
- 1 шолја млеко по ваш избор (може да биде и растително)
- 1 кафена лажица кокосово масло
- 1/4 до ½ кафена лажица паста од куркума
- Мед или некој билен засладувач (по избор)
Начин на подготовка:
Измешајте ги сите состојки заедно освен медот во тенџере за готвење. Вклучете го огнот на средна моќност. Додека се загрева, задолжително мешајте постојано и не оставајте да зоврие. Додадете мед по желба.