Сладолед на стапче – вкусно но отровно
Овие сладоледи изгледаат доста примамливо, но вистината е дека дури еден залак од нив може да ви разболи. Зашто? Бидејќи се направени од отпадните води во Тајван.
Идејата за сладолед на стапче е да го привлечат вниманието на светот кон загадувањето. Направени се од тројца студенти за посебен проект со кој треба да обрнат внимание на проблемот со загадувањето на водите, поради брзата економска и урбанизациска експанзија. Вкусните но отровни сладоледи се направени од 100 различни извори на вода во Тајван. Потоа се претворени во токсични сладоледи на стапче. Студентите од Националниот тајвански универзитет за уметност велат дека околу 90% од ѓубрето во водите била пластика. Сладоледот содржи секаков вид на ѓубре.
Лесен и ефективен начин да го привлечеш вниманието на светот за проблемот со загадувањето на водите, нели?