Алек Болдвин стана татко по 6-ти пат на 62 години – Еве го малиот наследник
Откако минатата година, сопругата на популарниот актер Алек Болдвин, доживеа два спонтани абортуси, денес двојката ужива во бескрајна среќа. Прекрасната Хиларија Болдвин, која е за цели 26 години помлада од Алек, сега му роди син.
Ова е нивното петто заедничко дете и 6-то за актерот. 36-годишната Хиларија лично ја соопшти убавата вест на нејзиниот Инстаграм, каде објави и слатка фотографија од малиот наследник, заедно со Алек. Во описот таа додаде: „Нашиот син е совршен и не направи пресреќни. Останете со нас во продолжение да го дознаете неговото име.“
Хиларија и Алек се заедно од 2012-та година. Парот веќе ја има Кармен (7), Рафаел (5), Леонардо (3) и Ромео (2).