Минус 4 кг за 4 недели: Лесна и ефикасна јапонска диета која дава брзи и трајни резултати
Јапонската диета е моментално вистински хит во светот и омилена меѓу дамите, кои претпочитаат брзо, лесно и здраво за слабеење, а еве што е потребно да направите за да ги добиете резултатите.
Појадок, ручек и вечера
За појадок треба да јадете една банана, а максималното дозволено количество е четири банани секое утро.
Другите оброци треба да бидат лесни, помали и почести. Нема особено строги правила за остатокот од дневната исхрана. Изберете сосема нормални оборци за ручек и вечера, но не претерувајте. Оригиналната диета трае од 7 до 12 дена.
Кафе
Дозволено е да се пие незасладен чај или кафе од време на време, но се препорачува да се избегнуваат колку што е можно повеќе додека ја држите диетата.
Алкохол
Она што е важно е да го елиминирате алкохолот.
Слатки
Ако не можете да одолеете на слатки, консумирајте малку црно чоколадо, најдоцна до 15 часот. Ако сакате солени закуски, подгответе пуканки со минимум масло и сол.
Вечера
Консумирајте го последниот оброк околу 20 часот, иако би било идеално да не јадете после 18 часот, доколку распоредот тоа ви го овозможува и дозволува.