14 знаци со кое вашето тело ве алармира дека нивото на шеќер во крвта е доста високо
Дијабетесот е заболување од кое страдаат многу луѓе ширум светот, а е состојба при која нивото на шеќер во крвта се зголемило. Но, дијабетичарите не се единствените кои треба да се грижат за ова.
Неопходно е секој од нас да се грижи за нивото на шеќер во крвта, кое е од голема важност, бидејќи доколку истото подолго време е високо, може да дојде до појава на дијабетес и низа други заболувања.
Нездравата исхрана, стресот, одредени видови на лекарства, недостатокот на физичка активност и други здравствени проблеми се едни од најчестите фактори кои придонесуваат за зголемување на нивото на шеќер во крвта.
А еве кои се најчестите симптоми кои укажуваат дека вашето тело се бори со високо ниво на шеќер во крвта:
- Сувост во устата
- Стомачни проблеми
- Импотенција
- Бавно заздравување на рани
- Постојано чувство на глад
- Чувство на чешање на кожата
- Често уринирање и уринирање во текот на ноќта
- Проблеми со концентрацијата
- Проблеми со нервите
- Замаглен вид
- Чести инфекции
- Зголемување на телесната тежина
- Секојдневен замор
За да се справите лесно со оваа состојба и да го регулирате нивото на шеќер во крвта, едноставно консумирајте храна со низок гликемиски индекс како што се јајцата, брокулата, оревите, црешите, грозје, сок од ананас, банани, грав, доматен сок, јаболка итн.