Вафли од тиквички – Супер лесен и неверојатно вкусен рецепт за крај на летото!
Крајот на прекрасната летна сезона полека се доближува, а со тоа веќе настапуваат и промените во исхраната. Па така, тиквичките кои се неверојатно популарен избор во летото наскоро ќе ги замениме со друго, но за последно вреди да се пробаат уште еднаш!
Вафли од тиквички

Ingredients
- 1 тиквичка
- 50 гр брашно
- 1 јајце
- 1-2 страка магдонос
- По вкус сол и мелен црн пипер
- Колку е потребно масло за готвење
Instructions
- Измијте ги тиквичките, излупете ги и крупно изрендајте ги. Лесно исплакнете ја изренданата тиквичка со раце, а потоа прецедете го сокот од истата.
- Ситно исечете ги зачините и потоа додадете ги кон тиквичката. Додадете ги и јајцето и солта, како и мелениот црн пипер по вкус. На крај додадете го брашното.
- Добро измешајте го тестото додека да стане мазно.
- Лесно премачкајте го загреаниот уред за вафли, а потоа поставете го тестото. За една вафла, ќе ви бидат потребни околу 2 супени лажици од смесата. Потребно е да се приготвуваат околу 3 минути.