Го паметите ли девојчето со изглед на кукла, кое стана модел на 2 години? Денес како тинејџерка изгледа непрепознатливо
Можеби некои од вас се сеќаваат на прекрасното девојче Ајра Браун, кое на светот му беше познато по прекарот малата Барбика. Ајра ја започна нејзината моделска кариера на само 2 години.
Во Америка тоа е сосема вообичаена возраст за вакви работи, а родителите на Ајра уште веднаш забележале дека девојчето има неверојатно убав надворешен изглед, па затоа одлучиле да не губат време и веднаш да испратат нејзините фотографии до разни модни агенции.
Откако модните агенти ги разгледале фотографиите на Ајра, веднаш ја виделе златната можност девојчето да стане вистинска мала Барбика, а уште по првите соработки, Ајра стана светска сензација.
Но, со текот на годините, како Ајра растеше, така се менуваше нејзиниот надворешен изглед и притоа модните агенции го изгубија интересот да соработуваат со истата.
Денес Ајра има 11 години и изгледа како сосема вообичаено дете на таа возраст.