Мојата тајна домашна маска „3 шолји“ благодарение на која изгледам 10 години помладо
Најверојатно секоја жена која има пробано огромен број на козметички производи ќе се согласи дека сепак уште не измислиле нешто поефикасно од старите бабински рецепти.
Тие содржат евтини, а чудесни состојки, се приготвуваат многу лесно, а крајните резултати се секогаш неверојатни! Токму ваков е и денешиот златен рецепт кој ви го претставуваме. Станува збор за домашна маска со која може да симнете дури 10 години од вашето лице.
Домашна маска со моќен подмладувачки ефект
Потребни состојки
• Шолја бр. 1: Измешајте 1 супена лажица зејтин со 2 супени лажици сомелени овесни снегулки
• Шолја бр. 2: Измешајте 2 кафени шолји сок од лимон, 2 супени лажици мед и 3 супени лажици изрендано јаболко/
• Шолја бр. 3: Растворете 1 кафена лажица сол во кисело млеко.
Начин на подготовка и употреба
Нанесете ја маската од првата шолја врз чиста и влажна кожа, масирајте го лицето и оставете ја да отстои 5-7 минути. Врз првата маска, нанесете ја смесата од втората шолја, повторно масирајте и оставете да отстои 5-7 минути. Потоа внимателно исплакнете ги маските.
На крај, нанесете го серумот од сол врз лицето и оставете го да дејствува 3-5 минути. Исплакнете со топла вода и нанесете навлажнуачка крема за лице.