Го запознала на 19 години кога тој имал 47 години – Денес тие уште се заедно, но дали поради љубов или пари?
24-годишната Келси Алан од Јута, САД никогаш не ни помислила дека ќе се вљуби во маж кој е на возраста на нејзиниот татко, но се случило токму тоа. Девојката го запознала Пол, кој во времето кога таа имала 19 години, тој имал 47.
Двајцата започнале да се состануваат, а набргу потоа влегле во врска, која по 5 години решиле да ја крунисаат со брак. Но, малкумина верувале во искреноста на Келси. Младата девојка постојано морала да ги трпи негативните погледи на минувачите, а блиските луѓе на парот ја обвинувале Келси дека излегува со Пол само поради неговите пари. На почетокот Келси се чувствувала многу повредено, но крај се помирила со злобните критики.
„На крај успеав да се ослободат од овие негативни ситуации. Сфатив дека си го сакам животот и дека истиот е прекраток и дека треба да уживам и да сум среќна. Исто како на филм, нашите семејства на почетокот се противеа, но откако сите меѓусебно се запознавме подобро, така ситуацијата се подобри.“ – вели Келси.
53-годишниот Пол веќе има 3 деца на возраст од 23, 25 и 27 години, кои по одреден период веќе ја прифатија нивната 24-годишна маќеа. Парот се надева дека насокоро негативните мислењеа околу нивната разлика во годините целосно ќе исчезнат и луѓето започнат да веруваат дека нивниот однос е вистинска љубов, а не поради пари.