Најсовршените палачинки – „Еве зошто кога ги приготвувате се кинат, моите секогаш се цели и еластични!“
Благи или солени, речиси и да не постои некој кој не обожава палачинки, тие се омилениот избор за појадок и десерт на децата, како и на постарите, се прават многу лесно и брзо, а еве како да ги приготвите со цел да бидат неверојатно совршени!
Најсовршените палачинки

Servings: 4
Ingredients
- 2 шолји пресно млеко
- 4 супени лажици растително масло
- 4 супени лажици шеќер
- 2 супени лажици нишесте
- 2 шолји брашно
- 1 шолја врела вода
- 4 јајца
- 1 прстофат сол
- По желба ванилин шеќер
Instructions
- Најпрво, изматете ги јајцата во садот, додадете ги и двата вида на шеќер, додадете прстофат сол и добро измешајте ги состојките. Потоа налејте ги млекото и маслото и продолжете со матење.
- Налејте ја и врелата вода, додадете го нишестето и добро измешајте. На крај додадете го брашното, малку по малку, додека постепено матите, за да нема грутки. Загрејте ја тавата, премачкајте со масло и испечете ги палачинките на вообичаениот начин.