Оваа жена реши да не го мие лицето 31 ден и доби неочекувани резултати!
Неколку дена пред самиот нејзин 30-ти роденден, Ерика добила идеја и била убедена дека ова е најдобриот начин како да направи детоксикација, односно темелно да го прочисти и исчисти нејзиното лице и по 1 месец доби неочекувани резултати!
Во минатото луѓето не користеле 10 разни козметички производи за чистење на лицето, ниту шминка и пак изгледале сосема нормално. Водена од таа логика, Ерика решила да престане да користи лосиони, тоници и пилинзи за миење на лицето.
Уште по првата недела од нејзиниот експеримент, младата жена забележала дека кожата добила здрав и добар баланс и дека нејзината Т-зона не е мрсна како порано. По третата недела, појавата на акни и црвенилото значително се намалиле.
А на крај од предизвикот, Ерика сфатила дека чистењето на лицето со тоници и пилинзи само дополнително ја вцрвувале и сушеле кожата. Без истите, по 1 месец нејзиното лице изгледало многу поубаво.
Еве како се променувала кожата на Ерика во текот на 31 ден: