3 неверојатно вкусни салати со јајца поради кои ќе заборавите на класичната вечера
Со пристигнувањето на есента, се менува и нашето секојдневно мени, а денес ви претставуваме лесни рецепти за богати салати, со кои нема да се чувствувате прејадено, ќе ја замените класичната вечера, а ќе уживате во неверојатен вкус!
1. Салата од пченка и сирење
Потребни состојки
- 4 јајца
- 200 гр пченка
- 150 гр сирење
- 4 супени лажици мајонез
Начин на подготовка
Крупно изрендајте го сирењето. Сварете, излупете и исечете ги јајцата, а потоа измешајте ги со сирењето и додадете ја и пченката. На крај додадете го и мајонезот и добро измешајте ги состојките.
2. Салата со домати и кромид
Потребни состојки
- 2 јајца
- 1 глава кромид
- 3 домати
- 1 страк копар
- 3 супени лажици павлака
- Половина кафена лажица лук во прав
- Сол и мелен црн пипер по вкус
Начин на подготовка
Крупно исечете ги варените јајца и доматите. Ситно истолчете ги кромидот и копарот. Измешајте ги сите состојки заедно, додадете ја киселата павлака, солта, мелениот црн пипер и лукот во прав.
3. Салата со топено сирење
Потребни состојки
- 4 јајца
- 2 топени сирења
- 3 чешниња лук
- 4 супени лажици мајонез
- Сол и мелен црн пипер по вкус
Начин на подготовка
Сварете ги јајцата и ситно изрендајте ги заедно со топеното сирење. Изгмечете го лукот и додадете го кон останатите состојки. Зачинете ја на крај салатата со мајонез, сол и мелен црн пипер.