Свадбениот прстен носи многу моќна енергија – Еве како да ви донесе најмногу среќа!
Свадбениот прстен ја носи најмоќната енергија. Еве правилниот начин да го носите овој симбол на љубовта и верност и како истиот да ви донесе најмногу среќа, како и хармонија во брачните и домашните односи.
Традиционално, свадбените прстени се изработуваат од благородни метали, па затоа најчесто на паровите им се препорачува да купуваат злато или платина. Прстенот треба да биде рамномерен, колку што е најмногу возможно, а неговата разнородна текстура може да означува дека брачниот живот нема да биде премногу хармоничен.
Во ниту еден случај не треба да носите туѓи свадбени прстени. Свадбениот прстен носи многу моќна енергија на самиот сопственик и затоа според експертите, не треба да ја нарушувате вашата аура. Исто така не се препорачува пред свадбата да носите свршенички прстен, бидејќи може да ја истерате среќата од вас кога станува збор за љубовта.
Може да го носите прстенот на било која рака, но тоа секогаш да биде на домалиот прст, бидејќи секој прст симболизира специјална енергија, а ако не го носите свадбениот прстен на домалиот прст, тоа може да му донесе несреќа и неуспех на вашиот брак.