Масло од шипки – еликсир против брчки
Овој еликсир за брчките е моќен извор на витамин А, ги измазнува фините линии, ги осветлува старечките дамки, ја подобрува состојба на оштетената кожа, помагајќи за растот на нови клетки, го зголемува производството на колаген.
Маслото од шипки е богато со масни киселини, омега-3 и омега-6, кои помагаат за еластичноста, текстурата и изгледот на кожата. Тоа е одлично за отстранување на мртвите клетки, за чистење на порите и за заздравувањето на ноктите.
Спречува појава на стрии
Високата концентрација на масни киселини ја подобрува еластичноста и ја зацврстува кожата. Ако го користите секојдневно за време на бременоста, ова масло ќе Ве заштеди од непријатните стрии.
Ги пегла лузните
Ако нанесувате два пати на ден од маслото во текот на две недели, помалите и постари лузни ќе почнат да бледнеат. За нови лузни ќе треба да бидете трпеливи и до неколку месеци.
Ја хидрира кожата
Маслото од шипка брзо се апсорбира од кожата, што го прави идеално средство за подобрување на сувата и иритирана кожа. Се спротивставува на разни кожни алергии, на хемиски ефекти и на штета нанесена од животната средина.
Ублажува црвенило и воспаление
Линоловата киселина во ова масло има антивоспалителни квалитети и помага за измазнување на испукани или проширени капилари кои предизвикуваат црвенило кај некои луѓе. За оние кои страдаат од црвенило на кожата и акни, маслото од шипки е доста ефективен начин на лекување. Пред тоа сепак консултирајте се со Вашиот дерматолог.
Го потхранува скалпот и косата
Маслото се апсорбира побрзо од сувиот скалп и ја навлажнува косата без да и придава непотребна тежина и масти. Антиоксидансите во него ја попречуваат појавата на бели влакна, елиминирајќи водороден пероксид, кој се акумулира во фоликулите.
Се спротивставува на влијанието на животната средина
Негувањето на кожата со ова растително масло може да служи како бариера против карцином на кожата. Витамините и антиоксидансите во него ја намалуваат штетата од сонцето и ги регенерира клетките.