Тројка разделени од раѓање случајно се сретнаа по 19 години, а потоа открија страшна вистина
Приказната на овие тројца браќа изгледа како холивудско сценарио. Во текот на 1980-та година во Америка, три момчиња сосема случајно откриваат дека се посвоени близнаци. Никој, па дури ниту нивните старатели не знаеле дека децата имаат и родени браќа.
Кога Роби за првпат се запиша на колеџ, наеднаш секој што ќе го сретнеше го поздравуваше со името „Еди“ и сите му велеа дека им е мило што се вратил и што повторно го гледаат. Така Роби дозна дека има брат близнак и тоа на истиот факултет. Приказната за неверојатната средба на Роби и Еди беше објавена во весниците и тогаш сосема неочекувано, уште еден човек откри дека тој е вистинска копија на близнаците што ги гледа во медиумите. Така, тројката повторно беше обединета по дури 19 години.
Приказната за момчињата се претвори во вистинска сензација, тие биле поканети да гостуваат во бројни емисии низ Њујорк. Но, откако замина нивната еуфорија, браќата започнаа да истражуваат како тие биле раздвоени од раѓање и тогаш открија страшна вистина.
Се открило дека животот на Роби, Еди и Дејвид всушност бил дел од експеримент. Тие намерно биле дадени во различни семејства со различен социјално-економски статус и стилови на воспитуваење. Психолозите не ги анализирале само браќата, туку и нивните семејства. Истовремено, самите вистински родители на тројката соработувале со психолозите, а им било кажано дека тие биле посебно избрани.
Браќата во нивното истражување откриле дека тие не биле единствените кое биле разделени по раѓањето, туку дека тоа се случило и уште на 10 пара близнаци. Никој освен научниците не ги знае целите на ваквите експерименти. Случаите биле класифицирани како тајни, резултатите никогаш не биле објавени, ниту пак е познато кој го финансирал сето ова.
Според медиумите, децата биле избирани, односно одземани од семејства, каде мајките страдале од одреден вид на психичко растројство. Браќата по сето ова што го дознале, изјавиле само едно: „Се чувствуваме како лабораториски глувци!“