3-те работи поради кои не мора да се оправдувате на никого во ниту еден случај
Голем дел од нашите одлуки и избори што ги правиме во животот предизвикуваат коментари и прашања од луѓето околу нас. Понекогаш луѓето одат дотаму што од вас бараат објаснување за изборите што влијаат на вашиот живот.
Секоја личност има свои цели и свој став во животот. Сите ваши одлуки, избори и грешки што ги правите ве обликуваат како личност. Постојат работи што се само ваш избор и не треба да дозволите никој да влијае на вашата одлука или став.
1. Љубовен статус
Вашиот љубовен живот е ваша лична работа, а причините зошто сте сами не треба да им се објаснуваат на другите, освен ако не сакате. Исто така, дури и ако сте во врска, вашата врска со вашиот партнер и одлуките што ги донесувате се само ваши.
2. Вашиот изглед
Важно е да се чувствувате добро во вашата кожа, а вашиот физички изглед е ваша работа. Дали ќе ја смените бојата на косата, ќе се нашминкате или ќе изберете природен изглед, каков стил на облека негувате, е целосно ваша одлука! Ценете се и не дозволувајте другите да влијаат на вашиот изглед.
3. Финансиска состојба
Без оглед каква е вашата финансиска состојба, тоа е само ваша работа. Не должите никому објаснување колку заработувате и на што ги трошите парите. На вас е да одлучите дали сакате или не ја споделувате финансиската состојба со другите.