Свекрвата го праша синот зошто неговата сопруга не го чисти домот – Неговиот одговор ги остави сите без зборови!
Клинт и Мелоди Едуард се веќе неколку години во брак и од неодамна добија и прекрасно момче со кое ја крунисаа нивната љубов. За да ја поддржи неговата сопруга, Клинт одлучил да ги подели домашни обврски со истата.
Еден ден, додека Клинт разговараше со неговата мајка на телефон и истовремено миеше садови, одеднаш таа го праша како не го загрижува фактот што неговата сопруга не одвоила доволно време сама да го исчисти домот и да ги измие садовите?
Мајката на Клинт цврсто верува дека одговорност е на жената да ја одржува чистотата во домот, додека пак неговиот татко еднаш го посоветувал како да ја пронајде совршената девојка, за која да се ожени. Тој му рекол: „Посети ја девојката во нејзиниот дом, во кој живее и види дали е доволно чиста.“
Клинт многу добро ги запаметил зборовите на неговиот татко, но и покрај тоа, за разлика од татко му, тој не размислувал да се ожени за девојка, само за да живее во чист дом. Клинт сакал да се ожени за девојката во која навистина ќе се вљуби и која навистина ќе ја сака.
Еве што тој напишал на негвоиот блог, по повод прашањето на неговата мајка:
„Не размислував за чист дом, кога се оженив со Мел. Си помислив само колку чудесно и мудро зборува, колку точно знае како се чувствувам и колку прекрасно се смее. Тоа ми се допаѓа кај неа. И таа изгледаше точно како мајката која ја посакував за моите деца.“
Многумина се согласуваат дека нема подобар одговор од ова, а неговата мајка, иако прво останала малку шокирана, сепак подоцна признала дека нејзиниот син е во право.