Таа има 40 години и 6 деца, но сите мислат дека е девојка на нејзиниот 20-годишен син
Прекрасната Британка е мајка на 6 деца, но открива дека луѓето често мислат дека таа е девојка на нејзиниот 20-годишен син, токму поради нејзиниот неверојатно младешки изглед, поради што се здоби со титулата „вечно млада“, за која се подразбира нема ништо против!
40-годишната Клер Барат од Кингстон пред само 3 месец направи свој профил на популарната апликација ТикТок. Отогаш, нејзините снимки се прегледани над неколку милиони пати и истата има над 145.000 следачи. Клер се надева дека нејзината популарност ќе продолжи да расте, при што до Нова Година би можела да достигне до 1 милион следачи.
И покрај фактот што Клер има 40 години и 6 деца, истата вели дека луѓето често мислат дека таа е девојка на нејзиниот најстар син. За да ја докаже нејзината вистинска возраст, Британката објавила фотографија од нејзината возачка дозвола, каде се гледа нејзиниот датум на раѓање.
Сите се едногласни дека Клер навистина изгледа како 20-годишна девојка.
„Кога станеш родител, многу лесно е да заборавиш каков си бил претходно. Сакам да кажам дека не мора да значи дека потоа не смеете да се забавувате.“ – вели Клер и притоа додава дека тајната на нејзиниот младешки изглед се редовната физичка активност, здравата исхрана и доброто расположение.