Најмоќната домашна маска за ефикасно природно затегнување на лицето
Оваа природна маска се состои од само две состојки, а благодарение на истите, кожата ќе изгледа видно негувана и заштитена, притоа и значително затегната, а е најдобриот избор за брзо разубавување кога немате доволно време или пари за козметички третмани.
Подготовката на оваа совршена маска е исклучително едноставна, а маската содржи само 2 состојки, лимон и јогурт. Неопходно е во еден заеднички да се измеша 1 лажица сок од лимон и 2 лажици јогурт, до добивање на една хомогена смеса.
Добиената маска нанесете ја на претходно исчистеното лице и оставете ја да се исуши на кожата. За време на сушењето, ќе почувствувате како кожата на лицето започнува да се затегнува. По околу 20 минути до половина час, исплакнете ја маската прво со топла, а потоа измијте го лицето со ладна вода. Исушете го лицето со лесен пешкир и нанесете хидратантна крема што обично ја користите.