Погледнете ја прекрасната Барбика од Москва, која родителите ја претворија во жива кукла
Речиси секоја девојка, како помала сонувала да наликува на легендардната Барбика. Младата жена која денес ви ја претставуваме го постигнала токму овој детски сон, но на сметка на ова, се откажа од многу работи и е под постојана контрола и надзор на нејзините родители.
Станува збор за прекрасната Анџелика Кенова, која има неверојатно впечатливи сини очи, тенка половина и извонредна долга руса коса. Токму затоа на социјалните мрежи, каде најчесто се објавуваат нејзини фотографии, Анџелика се здоби со титулата „жива Барбика“.
Младата девојка открива дека уште од рана возрст е контролирана од страна на нејзините родители, односно уште од тогаш строго ја контролираат во однос на нејзината исхрана, принудена е постојано да спортува и сето тоа со цел да го одржува изгледот на Барбика. Нејзината мајка дури ја облекувала идентично како познатата кукла кога била мало девојче.
Денес Анџелика е опседната со идејата да биде жива Барбика и веќе има направено неколку пластични операции со кои планира да продолжи. Истата постојано споделува фотографии на социјалните мрежи, каде има 390.000 следачи.