6-те најчести причини поради кои жената ќе ве изневери
Во минатото имало значителни разлики во причините зошто мажите и жените изневеруваат, па така додека мажите повеќе изневеруваат поради интимната разновидност, кај жените тоа најчесто било поради незадоволство во односите.
Но, љубовниот терапвет и советник, Д-р Тами Нелсон открива дека денес жените изневеруваат од многу различни причини, а не само незадоволство. Еве кои се тие:
1. Жените изневеруваат за подобар интимен однос
Жените го ценат добриот интимен однос како и мажите. Тие изневеруваат кога ќе најдат маж што ги возбудува повеќе од партнерот. Ако некој ви каже дека мажите изневеруваат поради интимен однос, а жените поради чувства, во грешка сте – вели Нелсон. Една неодамнешна студија открива дека иако мажите се сè уште подложни на изневерување поради интимна разновидност, тоа е исто така меѓу трите главни причини зошто жените изневеруваат.
2. Тие се незадоволни од врската
Истата студија открила дека една од главните причини зошто жените изневеруваат е тоа што тие повеќе не се за вљубени во својот партнер. Дури и ако љубовтс е сè уште присутна, жената која е несреќна во својата врска може да биде повеќе склона кон изневерување. Без оглед дали е заради гнев и финансиски или семејни проблеми, може да почувствуваат дека изневерувањето ќе им понуди задоволство што не го наоѓаат во нивната моментална врска.
„Жените изневеруваат затоа што врската што ја имаат станува студена. Ако има напнатост или досада, возбудата од страна може да биде одвраќање и возбудливо искушение.“ – вели Нелсон.
3. Изневерувањето како моментална грешка
Третата главна причина за изневерување кај жените е ситуацијата, доколку се опијанат и слично.
„Секој не е во право. Понекогаш аферата започнува само затоа што се појавува можност. Женитр можат да дејствуваат импулсивно, а потоа да жалат. Со други зборови, сосема е можно да нема многу подлабоко значење и позадина зад изневерувањето, туку едноставно укажана можност на која тие не успеале да одолеат.“ – објасни Нелсон.
4. Новата личност ги прави да се чувствуваат посебно
Понекогаш луѓето изневеруваат затоа што нова личност им дала ново чувство или се чувствуваат посебно во таквиот однос.
„Жените велат дека се чувствуваат посебно, привлечно и обожавано од страна на љубовникот и дека вниманието што го добиваат е тешко да се игнорира, без оглед на тоа што прави нивниот партнер дома.“-вели Нелсон.
5. Тие имаат мала самодоверба
Ниската самодоверба може да создаде желба за надворешна потврда, објаснува психологот Маргарет Пол. Ова може да биде особено точно ако лицето не добие потврда од својот партнер, а Пол исто така забележува дека недостатокот само ќе ја поттикне личноста да изневери.
„Она што го видов е дека луѓето изневеруваат кога не преземаат одговорност за себе или не се грижат за сопствените чувства и кога не развиваат способност да се залагаат за себе во врска. Затоа копнеат за внимание. Во тој случај, изневерувањето е помалку фокусирано на вниманието што некој им го посветува, а повеќе на вниманието што тие не си го посветуваат себеси.“ – вели Пол.
6. Тие сакаат промена или да раскинат
Понекогаш луѓето изневеруваат затоа што сакаат да стават крај на врската, а се чини дека изневерувањето е полесен начин за тоа отколку да се соочите директно со својот партнер. Нелсон исто така истакнува дека понекогаш жените изневеруваат затоа што сакаат нешто да се промени во нивната сегашна врска.