Не толерира насилство врз жената и уште 9 знаци по кои ќе го препознаете вистинскиот маж
Мажите растат и созреваат на различни начини. Некои созреваат на осумнаесет години, а некои остануваат со тинејџерски дух до триесеттите години. Сепак психолозите откриваат како да препознаете вистински маж со зрела емотивна интелигенција:
- Никогаш не го критикува изгледот на неговата девојка или сопруга.
- Никогаш не навлегува во вашиот личен простор – можете слободно да правите што сакате. Под негово достоинство е да ве контролира.
- Тој не ги избегнува тешкотиите, туку храбро се соочува со сите проблеми.
- Не смета дека емоциите се знак на слабост.
- Не живее во моментот – нема да дозволи фалење и лошо однесување.
- Неговите пријатели се многу важни за него, но никогаш не ги става пред неговото семејство.
- Смета дека љубовта кон родителите е света, но вистинскиот маж не трча кај својата мајка кога има проблем, особено проблем со партнерката.
- Ја почитува својата девојка/сопруга и не толерира насилство.
- Го планира секој чекор за иднината.
- Зрелиот маж знае дека секој човек има свои слабости и недостатоци.