3-те работи кои треба да ги знаеме пред да ги ставиме обувките во машината за перење
Денес е навистина тешко да го замислиме животот без машината за перење, а современите уреди имаат толку многу чудесни опции и можности. Доволни се само 1-2 часа и облеката повторно да биде како нова!
Сепак, луѓето се уште се скептични кога станува збор за поставувањето на одредени предмети во машината за перење, како што се обувките. Токму денес ви откриваме што треба да знаете пред нивното перење во машината:
1. Подготовка на обувките пред перењето
Пред да ги поставите обувките во машината, проверете дали имаат било какви оштетувања. Доколку забележите и најмало оштетување и недостаток, тогаш воопшто не ги перете во машината, бидејќи тоа дополнително ќе ги уништи. Ако сето е во ред, слободно поставете ги внатре.
Претходно исчистете ги од каменчињата кое може да бидат заглавени одоздола и измијте ги добро. Извадете ги врвките и исперете ги одделно.
2. Режим на перење
Секој пар перете го одделно. Голем број на обувки поставени наеднаш заедно може да ја оштетат внатрешноста на машината. Избегнувајте го режимот на центрифуга, бидејќи силните вртежи и вибрации може да придонесат обувките да го скршат стаклото на машината. Произведувашите на машините веќе имаат создадено и режим специјално за обувки, но доколку на вашата машина немате таков, тогаш изберете режим за деликатно перење. Температурата на треба да надминува 30 степени.
3. Сушење на обувките по перењето
Заборавете на идејата веднаш да ги исушите обувките со нивно поставување на радијатор или било каков топлински уред, колку и овој метод да ви изгледа логичен. Високата температура може да ги деформира обувките. Најдобро е да ги поставите на балконот, да отстојат.