Оваа девојка 5 години држеше диета и имаше само 29 килограми, а еве како изгледа денес
Анорексијата се смета за едно од најстрашните нарушувања во исхраната, при која, доколку не се преземат навремени мерки, може да дојде дури и до смрт. Но, постојат и бројни позитивни примери како денешната наша приказна за оваа млада девојка.
Ова е приказната за Ани, која цели 5 години гладуваше држејќи разни ригорозни диети и тежеше неверојатни 29 килограми. Шокантните фотографии се доказ низ каков пекол минуваше 21-годишната девојка која поради нејзината состојба беше хоспитализирана 5 пати, бидејќи гладувањето ја довело до самиот раб на животот.
И покрај малите шанси, Ани успеа да ја победи анорексијата, а ова го направила на сосема едноставен начин. Таа започнала да јаде чоколадо, а кога открила дека не се дебелее и не повраќа од истото, започнала да консумира и други видови на храна.
Денес прекрасната девојка тежи 45 килограми и за прв пат реши отворено да зборува за нејзината анорексија.
„Беше лудост. Мислев дека ако започнам да јадам чоколадо, веднаш ќе добијам многу вишок килограми, но тоа не беше случајот и тогаш сфатив дека хранењето и консумирањето храна не е толку страшно и било многу повкусно отколку што сум мислела. Пресреќна сум што ја победив оваа страшна борба, бидејќи постоеја моменти кога се плашев дури да бидам во иста просторија со било каква храна.“ – вели Ани.
Во текот на 5-те години Ани најчесто јадела двопек со многу малку џем.
„Лекарите ми сооштија дека ако продолжам да јадам толку малку, ќе добијам инфаркт. Стасав до точка што ми се стемнуваше пред очи кога ќе застанев на нозе. Изгледав страшно, но сакав сè повеќе и повеќе да бидам послаба.“- додава Ани.
Било дијагностицирано дека Ани има нарушување во исхраната, при што покрај активните тренинзи, девојката започнала многу брзо да губи килограми, а откако започнала повторно да јаде нормално и да биде физички активна, денес Ани слободно може да каже дека успешно ја победи анорексијата.
Постојано консумира протеини, обожава авокадо, риба и домати и единствено жали што порано не побарала професионална помош. Со тоа се надева дека ќе ги инспирира и останатите кои се наоѓаат во слична ситуација, да ја пребродат битката.