Неколку ефикасни начини да го отстраните непријатниот мирис и да ги освежите чевлите.
Спреј со сода бикарбона на кожни чевли може да наштети на материјалот, наместо тоа натопете чорап со сода бикарбона заедно со неколку капки етерично масло по ваш избор и оставете го во чевлите за една ноќ. Така ќе се апсорбира непријатниот мирис и ќе се отстрани вишокот на влага.
Ставете една или две кори од портокал во чевлите преку ноќ, за да го апсорбираат непријатниот мирис.
Додадете капка или две етерично масло од лаванда врз внатрешниот дел, антибактериските својства ќе го отстранат мирисот.
Ставете неколку капки од ванила екстракт врз стар весник , наполнете ги чевлите со весникот и оставете, по неколку часа ќе бидат суви и подготвени за носење.
Кафето исто така е добро за отстранување на мирис. Користете ги остатоците, но кафето задолжително треба да е исушено. Ставете грст кафе во секој чевел и нека отстои неколку часа. Ова е одличен начин за отстранување на лошите мириси.
Исчистете со етил алкохол (70%). Делува како моќна дезинфекција – има ефект при убивањето на широк спектар на бактерии и други микроорганизми. Ова го прави идеален за отстранување на бактериите кои предизвикуваат мирис во чевлите. Потопете памук во алкохол и бришете ја внатрешноста на чевлите. Бидете темелни, треба да дојдете до секој агол на внатрешната материја.