Чудесниот домашен крем за вечна младост, кој кожата го обожава, а брчките го мразат!
Ова е еден од најраспространетите рецепти за домашен крем кој ефикасно ги отстранува несаканите брчки и е исклучително популарен меѓу дамите ширум светот, па токму затоа вреди да се проба. Домашниот крем истовремено ја зголемува еластичноста на кожата.
Домашен крем против брчки
Потребни состојки
- 1 кафена лажица вазелин
- 1 супена лажица рицинусово масло
- 1 супена лажица мед
- 2 капки тинктура од јод
Начин на подготовка и употреба
Во стаклен сад додадете ги сите состојки, а потоа внимателно добро измешајте ги заедно до добивање на домашниот крем. Истиот складирајте го на темно и ладно место, а може да го користите во период од 1 месец.
Пред употреба, промешајте го кремот и нанесете тенок од слој од истиот врз претходно исчистено лице и направете лесна масажа. Кремот може да го употребите и како маска, при што по нанесувањето, оставете го да отстои 1 час, а потоа исплакнете го лицето.