Оваа жена симна 150 кг и сега се соблече за да им покаже на сите како навистина изгледа
Запознајте ја Британи Меј. Таа е вистински доказ дека сè е возможно кога човек има цврста волја да успее. Таа пред одредено време тежеше неверојатни 233 килограми и воопшто не беше задоволна ниту од килограмите, ниту од тоа како изгледа. Затоа реши работата да ја преземе во свои раце.
Веднаш откако вагата покажа огромна цифра, Британи реши дека едноставно повеќе не може да продолжи да живее така. Никој не ја предупреди дека слабеењето е тежок процес, но благодарение на нејзината челична волја, по 2 години држење диета, регулирање на исхраната и физичка активност, Британи успеа да симне 150 килограми и сега се чувства извонредно.
Но и покрај успешното слабеење, поради тоа што имала преголем број на вишок килограми, Британи сега се соочува со друг проблем, а тоа е вишокот на кожа.
„Никогаш не сум мислела дека вишокот на кожа може да предизвика толкава неудобност. Грбот, рамената, нозете, сето ме боли! Ужасно е. Но, сето тоа е решливо. Девојки и момци, ако во моментот мислите дека вашиот живот не може да се промени, грешите. Едноставно треба само многу да сакате и да започнете да правите чекор по чекор, а не да лежите на креветот.“ – вели Британи.