Еве зошто луѓето со сини очи се посебни
Иако секој од нас познава личност со сини очи и тие во нашето секојдневние не се реткост, научниците докжауваат дека сепак овие луѓе се посебни. Од каде сини очи?
Човечкото тело нема син пигмент и доколку имате сини очи, тоа означува само една работа: Производството на меланин во вашето тело е намалено, кој инаку им ја дава кафеавата боја на очите. Сината боја се должи како резултат на тоа што ја одразува светлината, а колагенските влакна имаат белузлава нијанса.
Сините очи ја имаат способност и да ја променат својата боја. Зошто? Тоа е многу едноставно: За време на процесот на образување на сенката, тоа влијае на одразувањето на светлината. Токму затоа во различни услови на светлината, бојата на очите се менува.
Истотака, истражувањата на научниците докажуваат дека во древните времиња луѓето имале само кафеави очи и затоа генот одговорен за меланинот всушност со текот на времето претрпел мутација. Тоа се случило пред околу 6000 и 10.000 години. За луѓето со сини очи важи дека се почувствителни на светлина и затоа им се препорачува почесто да носат темни очила.
Бројни истражувања докажале и дека синооките луѓе полесно ја поднесуваат болката, особено жените при породувањето.