3-те работи кои откриваат дека во вашата врска или брак не постои вистинска љубов
Кога сакаме, сакаме да бидеме и сакани за возврат. Но, кога сакаме погрешна личност, нема зборови да го опишат скршеното срце. Кога ќе и дадете сè од себе на саканата личност и кога таа ќе ја изневери вашата доверба, не е доволно да се каже дека вашиот свет е уништен.
Ако едната личност го носи целиот товар сама, порано или подоцна ќе потклекне пред него. Што се случува кога ќе сфатите дека партнерот што толку многу го сакате сега дури го покажува неговото вистинско лице? Кога излегува дека тој е всушност сè што ви рекол дека не е, ниту пак некогаш ќе биде?
Кога некој ве тера да верувате во неговите лаги, сосема е разбирливо зошто не можете јасно да ги видите работите што се наоѓаат пред вашиот нос. Ова се работите на кои треба да обрнете внимание за да не бидете со некој што не ве заслужува и да сфатите дека во таквиот однос всушност не постои вистинска љубов:
1. Вашиот партнер не разговара со вас за неговите чувства
Во таа смисла, тоа значи дека тој никогаш конкретно не ви покажува љубов. Акцентот е ставен на неговите зборови, бидејќи делата не постојат. Ако вие сте тие кои секогаш се обидувате да го опсипете со внимание, во кое ужива, но не ви возвраќа, да знаете дека тој не ви го покажува неговот вистинско лице и едноставно не чувствува ништо кон вас.
2. Ве прави секогаш да се чувствувате виновни за сè
Никој не е виновен секогаш за секоја една грешка во една врска, да бидеме јасни. Без оглед на ситуацијата, ако вие сте тие кои секогаш се извинувате и ја прифаќате вината за сè, размислете колку всушност тоа влијае негативно на вас.
3. Вашиот партнер ве тера да се сомневате во самите себе
Таквите луѓе се токсични за нивната околина, а најмногу за партнерот со кој се во врска. Ако поради некоја причина вашиот партнер ве натера да се сомневате во самите себе и во вашиот здрав разум и притоа без дискусија, верувајте во сè што ќе каже, знајте дека сте на погрешен пат. Тоа не е вистинска љубов, туку обична манипулација.