Медитеранска мусака – Автентичен рецепт кој на туристите им е најомилен!
Мусаката е едно од традиционалните јадења во медитеранската кујна и се разликува по нејзиниот уникатен вкус, различен од класичниот на кој сме навикнати. Благодарение на бешамел сосот, таа е толку неодолива, а истовремено сочна и супер заситува!
Медитеранска мусака
Мусаката е едно од традиционалните јадења во медитеранската кујна и се разликува по нејзиниот уникатен вкус, различен од класичниот на кој сме навикнати. Благодарение на бешамел сосот, таа е толку неодолива, а истовремено сочна и супер заситува!
Servings: 4
Ingredients
- 1 кг компири
- 2 кг модар патлиџан
- 1,5 кг говедско месо
- 4 чешниња лук
- 2 глави кромид
- 5 домати
- 2 супени лажици доматно пире
- 250 гр кашкавал
- 1 супена лажица оригано
- 1 кафена лажица цимет
- По вкус сол и мелен црн пипер
- 250 мл црвено вино
За бешамел сосот
- 125 гр путер
- 7 супени лажици пченично брашно
- 700 мл пресно млеко
- 3 јајца
- 10 гр мелено индиско оревче
- 1 супена лажица мелен бел пипер
Instructions
- Исечете ги компирите и модриот патлиџан на парчиња и поставете ги во рерната да се печат 20-30 минути на 160°C.
- Додека зеленчуците се печат, пригответе го месото. За таа цел испржете ги ситно исечените кромид и лук во зејтин и кон истите додадете го месото. Додадете сол, мелен црн пипер, оригано и цимет. Исечете ги доматите и додадете ги кон месото, заедно со доматното пире и виното.
- За бешамел сосот, растопете го путерот на слаб оган, додадете го брашното и добро измешајте. Бавно додадете го топлото млеко при непрекинато мешање на смесата додека е на оганот и додека сосот да стане густ. Додадете ги јајцата, индиското оревче и мелениот бел пипер. Добро измешајте ги сите состојки заедно.
- Подгответе го садот за печење. Премачкајте ги ѕидовите и дното со зејтин и по желба, може да нанесете лебни трошки. Наредете ги слоевите на компир, сосот со месото и модрите патлиџани. Одозгора полејте ја мусаката со бешамел и поставете ја да се пече 20 минути во загреана рерна на 180°C.
- Извадете, нанесете одозгора рендан кашкавал и вратете ја мусаката да се пече дополнителни 10 минути.