Со помош на овој рецепт за холестерол и триглицериди ќе се ослободите од маснотиите во крвта
Зголемениот холестерол може да биде многу опасен по здравјето на луѓето. Без разлика дали се работи за лоша исхрана или физичка неактивност, мора да се одлучите да ги смените животните навики. Со помош на овој рецепт со лимон и магдонос ќе го намалите холестеролот и ќе се ослободите од маснотиите во крвта.
Состојки:
– 3 литри вода
– 1 килограм органски лимон
– 1 кесичка сода бикарбона
– 5-6 китки магдонос
Подготовка:
Лимонот добро да се измие со ладна вода, а потоа да се стави во топла вода и врз него да се посоли сода бикарбона и така да се остави да отстои 1 час додека да омекне лимонот. Потоа уште еднаш исплакнете го лимонот и ситно исечкајте го или ставете го во бледнер. Истото направете го и со магдоносот. Магдоносот и лимонот ставете ги во шерпа и сипете 3 литри вода и потоа варете ги 2-3 часа на тивок оган. Потоа процедете ја смесата и складирајте ја во шишиња. Препорачливо е да се чува во фрижидер.
Консумирајте по една ракиена чашка секое утро на празен стомак во текот на 2 недели.