Од принцеза до просјачка: Таа некогаш беше сон на сите мажи, а денес се храни од контенјери
Некогашната убавица Лони Вилсон ги красеше насловните страни на светските модни списанија и уживаше во луксузниот живот кој може да го овозможи Холивуд, заеднос нејзиниот сопруг Џереми Џексон, кој беше главна ѕвезда во хит-серијата „Чувари на плажата“.
Таа со Џереми стапи во брак во 2012-та година, но по бројни бурни скандали парот се разведе и Лони започна да работи како асистент во клиника за козметичка хирургија. Во 2016-та година, фитнес моделот доби нервен слом, по што ја загуби својата работа, домот, автомобилот и остана на улица.
Алкохолот и дрогата стана секојдневие за Вилсон, а во 2018-та година, откако по инсистирање на семејството и пријателите беше однесена во центар за рехабилитација, Лони исчезна и 2 години никој ништо не знаеше за убавицата.
Денес таа живее на улиците, собира храна од контенјерите и не сака никаква помош од никого. Сите се без зборови од тоа колку непрепознатливо изгледа истата.