Навикнати сме собните растенија да ги третираме како универзален начин да го оживееме ентериерот на домот и да го направиме поудобен. Но покрај тоа, малкумина знаат дека според древните верувања и учења, од истите може да имаме и многу други ползи.

Така, се верува дека доколку ги поставиме следните 3 растенија во домот, поточно во кујната, ќе успееме да привлечеме многу пари, успеси и богатство:

1. Нане

Се смета дека силната арома и енергија на нането влијае позитивно врз сите членови од семејството, а притоа привлекува успеси, пари и среќа во домот. Се верува дека е потребно само растението да има силен мирис, бидејќи во спротивно нема да има ефект.

2. Лимоново дрво

За побрзо да ја подобрите вашата финансиска состојба, едноставно поставете лимоново дрво во кујната. Тоа не само што ќе ви донесе голема финансиска стабилност, но и ќе ја привлече среќата на различни полиња од вашиот живот. Се верува дека е потребно од време на време, листовите на дрвото да ги бришете со влажна крпа, за да ги активирате волшебните својства.

3. Пахира или „дрво на парите“

Неверојатно прекрасното дрво веднаш ќе привлече нови финансиски можности и ќе го зголеми богатството на семејството. Особено во Кина, пахирот се смета за неверојатен талисман на среќата!