Чудесна прочистувачка супа со која ќе ги елиминирате токсините од телото и ќе го заштитите здравјето од вируси
Пригответе ја следната златна супа и зајакнете го имунитетот и вашето здравје. Благодарение на истата ќе ја подобрите отпорноста на организамот кон вирусите и воедно ќе ги елиминирате штетните токсини од телото! Еве како уште денес да ја направите!
Прочистувачка супа за зајакнато здравје и имунитет
Потребни состојки
- 500 гр моркови
- 1 глава кромид
- 1 супена лажица ѓумбир
- 700 мл пилешка супа
- 100 гр павлака
- 3 супени лажици зејтин
- По вкус сол и мелен црн пипер
Начин на подготовка
Изгмечете го кромидот и ситно изрендајте го ѓумбирот. Додадете ги ѓумбирот и кромидот во зејтинот и оставете ги да отстојат 5-7 минути. Исечете ги морковите на коцки и додадете ги кон ѓумбирот и кромидот. Сето залејте го со пилешката супа. Оставете ја смесата да зоврие и потоа да се приготвува на слаб оган дополнителни 30 минути.
Откако морковите ќе омекнат, отстранете ја смесата од оганот. Употребете пасатор за да направите во форма на пире, а потоа кон истото додадете павлака, сол и мелен црн пипер по ваш вкус. Оставете го пирето да зоврие и гответе уште 5 минути.