„Помалку плашете се, повеќе сакајте“: 7 будистички заповеди како да имаме среќен и исполнет живот
Во будистичките учења можеме да најдеме безброј совети за среќен живот, така што многу изреки можат да послужат како мотивација и инспирација за да бидеме исполнети со позитивна енергија секој ден, a овие 7 заповеди можат да ви помогнат да внесете среќа во вашиот живот!
Според будизмот, ние сме кројачи на нашата сопствена судбина, сè зависи од нас – Нашето здрајве, енергија, среќа, љубов, па дури и самата судбина.
Следната изрека на Буда е добро позната: „Можеме сами себе да се спасиме. Никој друг не може и не го знае тоа. Затоа мора да создаваме свој свет и да одиме по свој пат “. Покрај различните будистички совети и заповеди за среќа, ние ги издвојуваме 7-те најпрактични кои ќе внесат среќа и исполнетост во вашиот живот:
1. „Помалку размислувајте, повеќе чувствувајте.“
2. „Помалку лутете се, повеќе смејте се.“
3. „Помалку зборувајте, повеќе слушајте.“
4. „Помалку судете, повеќе прифаќајте.“
5. „Помалку набљудувајте, повеќе работете .“
6. „Помалку жалете се, повеќе ценете се себеси.“
7. „Помалку плашете се, повеќе сакајте.“