Jапонски учител ни открива како веднаш да се ослободиме од стресот – Техниката е неверојатно лесна!
Хидефуми Јошида, самопрогласениот „учител на плачењето“, ги охрабрува луѓето од време на време да пролеваат неколку солзи за да се ослободат од стресот и да живеат посреќно.
Јапонците се меѓу луѓето што плачат најмалку според истражувазњата, а некои би рекле дека постојат и негативни предрасуди за плачењето како процес во оваа земја. Според Хидефуми Јошида, тоа не било отсекогаш така, а жителите на неговата татковина биле охрабрувани со децении да не ги покажуваат своите емоции и да не плачат.
Овој учител сакаше да го смени тоа, па пред седум и пол години започна да ги едуцира своите сограѓани за придобивките од плачењето. Тој проценува дека досега низ неговото училиште поминале дури 50.000 луѓе и дека тој, се подразбира, им помогнал да се однесуваат слободно кога им се плаче.
Пред да стане познат по својата работа, Јошида бил вработен во средно училиште. Кога открил дека плачењето може да помогне во ослободување од стресот, тој одлучи да го сподели своето знаење со другите. Следуваа предавања и работилници низ цела Јапонија, каде 45-годишникот ги охрабруваше луѓето да пуштат солза најмалку еднаш неделно.
„Ако плачете еднаш неделно, ќе имате живот без стрес“ – вели Јошида за „Јапонија тајмс“ и притоа додава: „Плачењето е многу поефикасно од смеењето и спиењето за да се ослободте од стресот“.
Јошида вели дека плачењето позитивно влијае на менталното здравје бидејќи ја стимулира активноста на парасимпатичкиот нервен систем, што има ефект на забавување на срцето и опуштање на телото. Тој исто така верува дека колку повеќе плачете, толку подобро ќе се чувствувате потоа.
Кога работи со поединци и компании, Јошида обично им презентира инспиративни видеа кои прикажуваат животни, спортисти, семејни сцени, природа и сè друго што предизвикува емоционална реакција кај луѓето. Понекогаш им чита трогателни приказни, доколку видеата немаат успех.
„Мојата задача е да им дадам на луѓето катарзично искуство што ќе им помогне да ги надминат своите психолошки проблеми“ – вели Јошида. Никој од приближно 50.000 луѓе што го слушале со текот на годините не се пожалиле што ги охрабрил да плачат. Ова ни кажува дека има нешто во идеите на овој необичен учител.