Болка во желудникот: 14 можни причини зошто се појавува и што да направите
Болка во желудникот може да се појави кај секој човек од време на време и истата најчесто се дефинира како навистина непријатност чувство. Во одредени случаи, во зависност од симптомите, можеби е потребно да се посети лекар. Затоа ајде денес да ги разгледаме 14 можни причини зошто се појавува и што да направите.
Најчести причини за болка во желудникот и нивни симптоми
- Гастритис: Предизвикан од бактерија која создава болка во горниот дел на стомакот пропратена со мачнина, повраќање, надуеност, губење на апетит и жиговина.
- Чир на желудникот: Предизвикан од стрес, алкохол, лекови против болка и бактерија, а се манифестира со појава на болка во горниот дел од стомакот при консумирањето храна.
- Стомачен вирус: Предизвикан од ротавирус или бактерија, а се манифестира со водена дијареја, грчеви, мачнина и абдоминална болка.
- Труење со храна: Предизвикан од бактерија, вируси и паразити во храната, а се манифестира со дијареја, мачнина или повраќање.
- Нервозно дебело црево: Причините се непознати, но настанува по внесување на храната, а се манифестира со непријатно чувство во стомакот, подуеност, гасови, грчеви, опстипација или дијареја.
- Интолеранција на лактоза: Предизвикана од недостаток на ензимот лактаза, а се манифестира со дијареја, гасови, подуеност и стомачна болка.
- Воспалителна болест на карлицата: Предизвикана од сексуално пренослива болест како кламидија или гонореја, а се манифестира со непријатна болка во стомакот, температура, необичен исцедок и болка или крварње при интимниот однос.
- Алергија на храна: Предизвикана од одбрамбена реакција на организамот кон одреден вид на храна, а се манифестира со стомачна болка, отекнување на грлото и устата.
- Апендицит: Предизвикан од воспаление на слепото црево, а се манифестира со долга болка во стомакот сконцентрирана најпрво околу папокот, мачнина, повраќање и намален апетит.
- Воспаление на жолчка: Предизвикано од жолчни камења кои ја блокираат функционалноста на жолчката, а се манифестира со остра стомачна болка која може да трае со часови.
- Кила: Предизвикани од свтикување или поместување на дел од цревата низ абдоминалниот ѕид, а се манифестира со остра болка во стомакот, чувство на непријатност при одење и седење.
- Опстипација: Предизвикана од недоволно внесување на хранливи влакна и течности, а се манифестира со тврд измет или неможност за целосно слободно празнење на цревата, подуеност и стомачна болка.
- Панкреатит: Предизвикан од воспаление на панкреасот, а се манифестира со болка во горниот дел од стомакот, мачнина и нагон за повраќање.
- Дивертикулитис: Предизвикан од консумирање зрнеста храна, црвено мео, бактерии а се манифестира со постојана стомачна болка која трае долго, дијареја, грчеви, подуеност, гасови, треска, опстипација.
Прочитајте дополнително и за болка во стомакот, што ќе ви биде од голема помош полесно преку слики да ја лоцирате болката во стомакот и со тоа да ја утврдите и причината за нејзината појава.
Како да ја третирате болката во желудникот во домашни услови
- Гастритис: Употребет суплемент на лук, консумирајте пробиотици, зелен чај и јадете полесни оброци.
- Чир на желудникот: Консумирајте храна богата со флавоноиди: Кромид, кељ, грозје, црвено вино, мед
- Стомачен вирус: Дозволете му на вашиот стомак да одмори, по малку консумирајте коцки лед и вода и консумирајте исклучиво лесна храна.
- Нервозно дебело црево: Консумирајте храна богата со хранливи влакна и вежбајте повеќе.
- Интолеранција на лактоза: Консумирајте многу помалку млечни производи.
- Воспалителна болест на карлицата: Одмарајте во кревет, пијте многу вода и не употребувајте тампони.
- Алергија на храна: Престанете да консумирате храна, особено храната што ја предизвикала алергијата.
- Апендицит: Консумирајте пискавица, нане и лук.
- Воспаление на жолчка: Редовната физичка активност може да го спречи формирањето на жолчните камења. Воедно употребете топли облоги и консумирајте чај од нане.
- Кила: Употребете алое вера која има моќни антивоспалителни својста, консумирајте лесни и мали оброци и зеленчукови сокови.
- Опстипација: Пијте повеќе вода и кафе, консумирајте суви сливи и вежбајте повеќе.
- Панкреатит: Престанете да консумирате алкохол и консумирајте течна храна која вклучува повеќе зеленчукови супи
- Дивертикулитис: Консумирајте повеќе течна храна, како и лук, зелен чај, куркума и ѓумбир.
Кога да посетите лекар?
Иако во повеќето случаи, болката во стомакот не претставува ништо сериозно, сепак обратете внимание. Доколку болката во стомакот трае повеќе од една недела која не поминува ни по 24-48 часа, тогаш неопходно е веднаш да посетите лекар.
Во кратки црти
Болката во стомакот не е необична здравствена состојба и речиси секој човек барем еднаш во животот ја има искусено. Од голема важност е да обратите внимание на симптомите кои ги чувствувате. Со самото тоа, вие, како и вашиот лекар најдобро и најбрзо ќе откриете каков третман ви е потребен за да се ослободите од истата.