Еве како да приготвите вода со суво грозје – Целосно ја прочистува крвта и црниот дроб и ги елиминира вишокот килограми!
Водата со суво грозје важи за најдоброто природно средство кое моќно го прочистува црниот дроб и ги елиминира токсините наталожени во истиот, а покрај прочистувачкиот ефект, оваа вода има и чудесно диетално својство, што ја прави омилен напиток на милион луѓе!
Водата со суво грозје ја стимулира активната работа на сите биохемиски процеси при црниот дроб и на овој начин врши неверојатно прочистување на крвта во целиот организам. Сувото грозје го препорачуваат речиси сите врвни лекари, бидејќи оваа уникатна состојка го штити организамот од слободните радикали, кои се причина за појава на разни онколошки заболувања.
Сувото грозје штити од кардиоваскуларни заболувања, ја стимулира правилната дигестија, ги намалува киселините во желудникот и е фантастично природно средство за сите оние кои сакаат да ослабнат. Еве како истата да ја приготвите.
Вода со суво грозје
Потребни состојки
- 400 мл вода
- 150 гр суво грозје
Начин на подготовка и употреба
За почеток, изберете потемно суво грозје, бидејќи тие се природни. Светлото суво грозје во повеќето случаи е хемиско обработено. Поставете ја водата да се вари и почекајте да зоврие. Потоа во истата додадете го сувото грозје, претходно добро измиено. Оставете ја смесата да се вари 20 минути, а потоа прецедете ја добро и така консумирајте ја чудесната вода.
Доколку сакате да го зајакнете нејзиното својство, може да го оставите сувото грозје потопено во водата, да отстои во текот на целата ноќ, на исклучен шпорет. Терапијата со сувото грозје се прави еднаш месечно, минимум на 4 дена, а нејзината употреба може да ја продолжите на 1 недела.
Водата се пие наеднаш, секогаш на гладно и 30 минути пред вашиот појадок.