Повеќе од една недела, во оваа држава нема ниту заразени, ниту починати од коронавирус
Австралиската сојузна држава, Викторија, веќе брои 8 дена без нови случаи на коронавирус и без смртни случаи, при што многу наскоро се очекува истата да се врати кон нормалниот начин на живот, без да има никакви ограничувања.
Утре се очекува премиерот Даниел Андрус да објави едно од првите ублажувања на мерките, вклучувајќи го и отстранувањето на т.н Мелбурнски челичен прстен, каде движењето е ограничено во радиус од 25 километри. На жителите ќе им биде дозволено да патуваат низ целата држава, а на 23 ноември се очекува и официјално да се отстранат сите мерки.
„Тоа ќе биде голем чекор кој ќе нè доближи до нормалниот живот, отколку како што живеемвме пред 6-7 месеци. “- вели Андрус.
Последниот бран на коронавиурс, Викторија го одбележи со 18.000 новозаразени и 800 смртни случаи.