Еве како да прекинеме течењето на носот со газирана вода за само неколку часа
Со доаѓањето на студеното време, веќе секој втор човек настинува и се разболува. Течењето на носот е еден од најчестите симптоми на настинките и грипот, а се појавува како резултат на зголемено производство на лигава слуз.
Тоа може да се манифестира со затнат нос со погуст секрет или со истекување на секрети со различна боја од носот. А токму денес ви го откриваме најдобриот домашен метод како да го прекинете течењето на носот. Станува збор за плакнење со газирана вода.
Како да го прекинете течењето на носот со газирана вода?
Најпрво отворете го шишето со цел да изветрее газираната вода. Потоа земете од течноста со пипета или друг соодветен инструмент и исплакнете ги вашите ноздри. Повторете ја процедурата по половина час, а пред да отдидете на спиење, премачкајте ги ноздрите со мед, за да ги заштитите од сушење и појава на рани.
Третманот може да го повторувате во рамките на 7 дена.