Проблем со синуси: Кои се 5-те главни причини и како да ги третирате во домашни услови
Синусите претставуваат шуплини исполнети со воздух, кои се сместени во внатрешноста на коските на лицето и скалпот. Тие се поврзани со назалните отвори и се обвиткани во многу тенка слузокожа. Еве кои се најчестите причини за појава на проблеми со синусите.
Најчести причини за проблем со синусите и нивни симптоми
- Блокади: Секој синус има тесно место, наречено преоден простор (остиум) т.е отвор што е одговорен за дренажа. При стеснето грло или блокада при преминот на кој било од синусите, слузот се враќа назад.
- Дополнителен синус: Околу 10% од луѓето имаат дополнителен синус. Истиот го стеснува тој преоден простор.
- Отстапен назален септум: Назалниот септум е тенок ѕид на коска и ‘рскавица во внатрешноста на носната празнина што ги раздвојува двата носни пасажи. Идеално, тоа е во центарот на вашиот нос, подеднакво одвојувајќи ги двете страни. Но, кај многу луѓе, без оглед дали генетски или поради повреда, истиот е на едната страна. Тоа го прави едниот назален премин помал од другиот. Отстапниот септум е една од причините што некои луѓе имаат проблеми со синусите. Исто така може да предизвика ‘рчење.
- Тесни синуси: Некои луѓе едноставно имаат варијации во нивната анатомија што создава подолг, потесен пат за да се исцедат преодните простори.
- Чувствителност на синусите и алергии: Можеби сте чувствителни на работите во вашата околина и на одредена храна што ја јадете. Тоа може да предизвика реакција што доведува до оток во носот.
Како да го третирате проблемот со синусите во домашни услови
Со цел да ја ублажите болката или инфекцијата на синусите, погрижете се да бидете доволно хидратирани, да одморите, користете навлажнувач на воздухот за вашиот дом и користете медицинско помагало за ефикасно назално чистење кое може да се пронајде во аптеките.
Кога да посетите лекар?
При проблем со синусите, доколку искусите температура, назален исцедок, конгестија (затнување, блокирање) или болка на лицето која трае подолго од 10 дена или постојано се повторува, веднаш посетете лекар.
Во кратки црти
Проблемите со синусите здравствен проблем со кој секојдневно се соочуваат милиони луѓе ширум светот. Иако истите може лесно да се третираат со капки или маст, во одредени слуачи, доколку забележите симптоми како температура или фасцијална болка, неопходно е да посетите лекар.