Кога стапија во брак, тој имаше 18, а таа 51 година – Еве како изгледаат денес по 18 години среќен брак
Во светот постојат многу парови каде разликата во годините меѓу партнерите е голема, но најчесто станува збор за повозрасен маж со помлада жена. Но, следната приказна докажува дека сосема возможно е паровите да стапат во брак други и кога жената е многу постара.
Запознајте ги Ленда и Џереми Барам. Кога се запознаа, таа имаше 50 години, а Џереми 17, кога момчето одело во автошкола, а токму Ленда била назначена за негов инструктор. Во тоа време, Ленда била разведена со 2 деца, а Џереми бил ученик во средно училиште. По запознавањето, тие двајца набргу сфатиле дека имаат многу заеднички интереси.
Ја обожваат истата музика, имаат исти омилени филмови, а за време на еден од часовите при возењето, кога на радиото започнала песна од Елтон Џон, се случил и првиот бакнеж меѓу партнерите. Неколку дена подоцна, отишле и на прв романтичен состанок, а како што времето одминувало, така нивните чувства станувале посилни.
8 месеци по врската, парот се стапи во брак. Денес Џереми има 36 години, а Ленда е 70. Џереми тврди дека по 18 години брак, денес уште повеќе ја сака неговата сопруга. Тие немаат заеднички деца, бидејќи Џереми никогаш не посакувал да биде татко, но од друга страна обожава да го поминува времето со внуците на Ленда.