Домашен трик со кој ќе го вратите блескавиот изглед на аспираторот – Извонредни резултати за минута време!
Повеќето чистењето на филтрите на аспираторот најчесто го прават со темелно миење и употреба на сунѓер и средство за садови, што одзема многу време, па токму денес ви откриваме златен практичен трик како да го исчистите аспираторот за само минута време.
Како правилно, брзо и ефикасно да го исчистите филтерот на аспираторот?
Најпрво отстранете го валканиот филтер од аспираторот и поставете го во соодветен сад. Може да користите и обична тава. Потоа земете сода бикарбона и нанесете од истата рамномерно врз целата решетка на филтерот.
Сварете вода и истата разредете ја со 2 супени лажици лимонска киселина. Исипете го добиениот раствор врз решетката.
Оставете го растворот да дејствува 10 минути, а потоа со обична стара четка за заби, отстранете го остатокот од маснотијата.