3 лесни домашни начини како да добиете долги и густи трепки, за 1 месец
Покрај долга и густа коса, можеби втората работа за која жените ширум светот, секојдневно мечтаат се токму долгите и густи трепки. Денес ви претставуваме 3 едноставни домашни начини како овој сон да стане реалност по 1 месец.
1. Користете масла
Зошто: Рицинусовото, кокосовото и маслиновото масло содржат масни киселини, кои ефикасно ги потхрануваат фоликулите и ги одржуваат трепките здрави и цврсти.
Што да направите: Нанесете капка од масло по ваш избор врз чиста четка или на вашиот прст и така нанесете го маслото врз трепките, пред да отидете на спиење. Може да употребите едно од маслата или да ги измешате сите.
2. Користете вазелин
Зошто: Вазелинот ги смирува и навлажнува сувите трепки
Што да направите: Со четка или прст, внимателно нанесете малку вазелин на вашите трепки, пред да отидете на спиење. Избегнувајте контакт со очите, а следното утро измијте го вазелинот.
3. Зелен чај
Зошто: Зелениот лај содржи моќни антиоксиданти и витамини и затоа најчесто влегува во составот на производите наменети против косопад.
Што да направите: Пригответе шолја зелен чај, оставете го истиот да се излади. Следно, потопете памучен туфер во чајот и поминете со туферот преку вашите трепки. Практикувајте го третманот 2 пати дневно.