Проблем со простата: Кои се 4-те најчести причини и кои симптоми не треба да ги игнорирате
Простатата е жлезда која е дел од машкиот репродуктивен систем што се обвиткува околу машката уретра близу мочниот меур. Жлездата е со големина на орев и расте како што стареете.
Најчести причини за проблем со простата и нивни симптоми
- Зголемување на простатата: Се манифестира со болка или затнување при мокрење, често мокрење, крв во спермата или урина, честа болка или вкочанетост во долниот дел на грбот, колковите, карлицата или ректалната област или горните бутови, уринарна инконтиненција (неможност за мокрење), болна ејакулација.
- Рак на простатата: Често уринирање, слабо или прекинато уринирање, потреба за често мокрење во текот на ноќта, крв во спермата, еректилна дисфункција, болка или чувство на печење при уринирање.
- Акутен бактериски простатитис: Започнува со ненадејна бактериска инфекција пропратена со покачена температура, треска, болка или крв при уринирањето.
- Хроничен простатитис: Чест проблем со простатата предизвикан од инфекција која се манифестира со болка во долниот дел од грбот, болка во препоните или болка на врвот на пенисот.
Како да го третирате проблемот со простатата во домашни услови
При зголемување на простата, природните средства како пигеум (екстракт од африканска слива), копривата, семките од тиквата и зелениот лиснат зеленчук се сметаат за најдобри за консумирање кои ќе ги ублажат симптомите.
Кога да посетите лекар?
Доколку се соочувате со пречеста потреба за уринирање, особено во текот на ноќта, имате потешкотиите со започнувањето или прекинувањето на уринирањето, забележувате крв и чувствувате силна болка при уринирањето или ејакулацијата, тогаш неопходно е да посетите лекар.