Маж ја понижи и остави оваа девојка веднаш откако виде како изгледа без шминка
Софија, од Англија, речиси целиот нејзин живот се бори со псоријаза, а порано поголемиот дел од нејзиното секојдневие го поминувала плачејќи, бидејќи не можела да се погледне во огледало, а поради нејзината состојба често била малтретирана и од соучениците.
Никој не сакал да се дружи со неа, а откако завршила средно, не ни помислила да се запише на факултет, со цел да избегне повторно малтретирање, па така по образованието, нашла работа на бензинска станица. Со цел да ги избегне осудувачките погледи, Софија започнала нејзината состојба да ја сокрива со многу шминка. На овој начин се чувствувала посамоуверено.
Еден ден, за време на работата, таа се запознала со маж и по краткиот разговор, тие веднаш договориле средба. По неколку такви романтични средби, Софија и анонимниот маж решиле вечерта да ја поминат заедно. Откако мажот заспал, Софија решила да ја отстрани целата шминка. Девојката сметала дека некој кој ја сака искрено, нема да се исплаши од нејзиниот вистински изглед.
Но, сепак се докажало дека надворешниот изглед бил сè за овој маж. Следното утро, кога тој се разбудил, Софија открива дека едноставно не можел да го сокрие разочарувањето. Со налутен и тивок глас само рекол дека ќе ја побара утре и веднаш изглегол од нејзиниот стан. Тие двајца веќе никогаш не се виделе.
Иако многу жени би паднале во депресија по ваквиот настан, сепак Софија одлучи ова да го прифати како лекција и да научи да се сака себеси таква каква што е. Сега со сопствен профил на социјалните мрежи, Софија гордо објавува фотографии од нејзиното лице, инспирирајќи милион девојки и жени ширум светот.