Отечени гради: 7 можни причини и кога е неопходно да посетите лекар
Сосема природно е да се чувствувате загрижени кога ќе забележите промени во градите. Но, без грижи, промените на градите се нормален дел од женската анатомија. Сепак ако ги чувствувате вашите гради потешки од вообичаено, еве кои се 7-те можни причини за тоа:
Најчести причини за отечени гради и нивни симптоми
- Фиброцистични промени: Многу честа неканцерогена состојба која може да предизвика разни симптоми и промени во едната или и двете гради. Се манифестира со појава на грутки кои слободно се движат, зголемена чувствителност и болка непосредно пред менструација, болка што се протега под пазувите, зелен или кафеав исцедок од брадавиците.
- Менструација: Се манифестира со болка и оток во градите.
- Бременост: Отекувањето на градите е некогаш прв знак на бременост. Дури симптоми е мачнина, повраќање и изостанување на менструацијата.
- Доење: Доколку доите, тогаш најверојатно се навикнувате на чувството на исполнети, тешки гради и болни брадавици. Чувство на топлина, цврсти гради, црвенило се исто така едни од пропратните симптоми.
- Несакани ефекти од лекарства: Одредени лекови може да предизвикаат несакани ефекти поврзани со градите. Најчести тоа се хормонските лекови како што се апчиња за контрацепција и третмани за плодност.
- Инфекција: Инфекциите на дојките, познати како маститис, се најчести кај оние кои дојат. Маститисот може да предизвика воспаление, што доведува до оток и чувство на тежина во засегнатата дојка. Жаречка болка, црвенило и покачена температура се дел од пропратните симптоми.
- Воспалителен карцином: Отечените гради вообичаено не се симптом на рак. Исклучок на ова е кога станува збор за воспалителниот карцином на дојката, кој предизвикува отекување и црвенило на ткивата кои го покриваат поголемиот дел од градите. Истот така кожата на градите може да изгледа како со модринки (виолетова, малку розова) и да постои присутво на чувство на топлина.
Како да ги третирате отечените гради во домашни услови
Користете топли или ладни облоги на градите. Носете цврст потпорен градник, носете спортски градник за време на вежбање, особено кога градите може да бидат почувствителни. Експериментирајте со терапија за релаксација, која може да помогне во контролирање на високото ниво на анксиозност поврзана со силна болка во градите.
Кога да посетите лекар?
Доколку почувствувате треска, црвенило, оток, опиплива маса, промени на кожата или брадавицата, крвав исцедок од брадавицата или доколку забележите грутка на градите, тогаш важно е веднаш да посетите лекар.