Банана крем-торта готова за 10 минути! Ништо не варите, ниту печете – Совршен вкус кој се топи во уста!
Фантастично вкусната, освежувачка и исклучително лесна торта со банани и крем е највкусното нешто што денес ќе го пробате! Нема потреба да варите, ниту пак печете нешто, а еве што е потребно за овој уникатен рецепт со кој ќе ги воодушевите вашите најблиски.
Банана крем-торта
Фантастично вкусната, освежувачка и исклучително лесна торта со банани и крем е највкусното нешто што денес ќе го пробате! Нема потреба да варите, ниту пак печете нешто, а еве што е потребно за овој уникатен рецепт со кој ќе ги воодушевите вашите најблиски.
Servings: 4
Ingredients
- 350 гр кисело млеко
- 350 гр маскарпоне
- 100 гр шеќер
- 50 гр чоколадо
- 10 гр растворен желатин (2 кафени лажици)
- 16-18 бисквити
- 130 мл пресно млеко
- 30 мл млечен ликер, сируп или кафе
- 2 банани
Instructions
- Исипете го желатинот во метален сад и налејте 50 мл студена вода. Измешајте го маскарпонето со шеќерот до добивање соединета смеса. Измешајте го киселото млеко со ситно исеченото чоколадо.
- Полејте го растворениот желатин со 30 мл млеко и растопете ја смесата на слаб оган или во микробранова печка.
- Оставете го желатинот да се излади до собна температура и додадете го во смесата со киселото млеко. Потоа соединете ги двата крема - тој со киселото млеко и кремот со маскарпонето т.е добро измешајте ги.
- Приговете правоаголен сад со големина приближно 24 цм х 14 цм и обвиткајте го со проѕирна фолија.
- Измешајте го останатото млеко со ликерот, кафето или сирупот.
- Започнете да ја редите тортата: На дното на садот поставете слој од бисквитите потопени во млечниот сируп, потоа премачкајте со половина од филот,
- Oдозгора наредете ги исечените банани и покријте со преостанатиот крем.
- Потоа, oформете го вториот слој од бисквити.
- Готовата торта се покрива со проѕирна фолија и се складира во ладилникот на 3-4 часа. Кога тортата ќе се затегне, отстранете ја фолијата и пред сервирање одозгора декорирајте со рендано чоколадо.