Ќерката на Жерар Депардје направи 5 пластични операции за да не наликува на него – Еве како изгледа денес
Иако во животот на повеќето жени, таткото како главна фигура е сметан за супер херој, често пати може да наидеме и на приказни каде не постои таква блискост, а токму ваква е и приказната за француската актерка Жули Депардје.
Таа максимално се потруди во текот на нејзиниот живот да се дистанцира од нејзиниот татко, славниот актер Жерар Депардје. Жули е родена во 1973-та година, а Жерар вложил голем труд неговото девојче да го добие најдоброто образование, при што има завршено филозофија на престижен француски универзитет.
Иако немала желба да ги следи чекорите на нејзиниот татко, сепак Жули се согласува да глуми заедно со него во филмот „Полковникот Шабер“, а подоцна улогата во филмот „La Machine“ сосема го променил нејзиниот живот. Жули има и брат, а повеќе пати има откриено дека го сака нејзиниот брат многу повеќе од нејзиниот татко. Во едно интервју Жули дури има изјавено дека нејзиниот брат е далеку поталентиран од Жерар.
Таа никогаш не сакала да ја споредуваат ниту пак поврзуваат со нејзиниот славен татко, при што има направено дури 5 пластични операции со цел да не наликува на истиот. Во 2013-та година таа изјави дека Жерар со сигурност ќе почине во следните неколку години, поради лошиот начин на живот.