Мариниран кромид во оцет – Неодолив рецепт, повкусен и од киселите краставички
Дали некогаш сте пробале мариниран кромид? Ако не, сега е вистинското време! Едноставно треба да наполните неколку тегли со овој зеленчук и уште неколку минимални состојки – подготовка која ќе ви одземе неколку минути, а ќе добиете неодолив вкус!
Мариниран кромид во оцет
Дали некогаш сте пробале мариниран кромид? Ако не, сега е вистинското време! Едноставно треба да наполните неколку тегли со овој зеленчук и уште неколку минимални состојки - подготовка која ќе ви одземе неколку минути, а ќе добиете неодолив вкус!
Servings: 4
Ingredients
- 500 гр црвен кромид
- 250 мл вински оцет
- 140 гр шеќер
Instructions
- Најпрво излупете го кромидот (може да земете и бел кромид). Потоа исечете го кромидот на полумесечини и поставете го во теглите.
- Во одделно тенџере, исипете го оцетот, додадете го и шеќерот и поставете ја смесата на оган. Може да додадете каранфилче, неколку зрна црн пипер или дури ловорови листови. Но, и без овие состојки, маринадата ќе биде одлична и вкусна!
- Оставете ја маринадата да зоврие, а потоа полејте го кромидот со врелата маринада.
- Изладете ја теглата до собна температура и складирајте ја во ладилникот.
- Тоа е сè!